Општи услови и правила

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА, ОНЛАЈН НАРАЧКА, ПЛАЌАЊЕ И КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ ЕЛЕКТРОМЕТАЛ ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦА

 

1. ВОВЕД

Предмет на овие Општи услови е утврдување на условите за онлајн нарачка, плаќање и купување нa производи преку веб страната на Електрoметал Скопје elektrometal.mk
Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи услови за онлајн купување:
Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната elektrometal.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги на Електрoметал.
Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната на Електрoметал нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на Електрoметал.
За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со Електрoметал се применуваат позитивните законски прописи во Република Северна Македонија од областа на електронските комуникации, електронска трговија, заштита на личните податоци и заштитата на потрошувачите, како и Општите услови за електронска трговија, онлајн нарачка, плаќање и користење на производи преку Електрометал интернет продавница.

2. РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧОТ

Купувачот кој сака да стане корисник на услугата за електронска трговија и сака да нарача и купи производ или услуга од Електрoметал преку веб страната elektrometal.mk потребно е по одбирањето на производот/те и нивно ставање во кошничката за купување да се регистрира на elektrometal. mk, за да може да отпочне и се реализира онлајн нарачката при електронска трговија.
Регистрираниот онлајн купувач со пополнување на обрасците при купувањето на веб страната elektrometal.mk во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува во образецот, вклучувајќи ги и личните податоци. Во моментот на нарачувањето на одреден производ/и од понудата, Купувачот се согласува на овие Општи Услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на производ/и преку веб страницата на Електрометал Скопје.
Електрометал го задржува правото да ги измени овие Правила или да ја укине Програмата за онлајн трговија. Во овие случаи истото ќе биде објавено на интернет страницата на Електрометал, elektrometal.mk.

3. УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ

Цените на сите производи на .elektrometal.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Цените за онлајн купување може да бидат привилегирани и помали од малопродажните цени во Маркетите на Електрометал и ќе бидат соодветно означени на веб страната.elektrometal.mk.
Електрометал го задржува правото за промена на цените,во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците.
Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
Артиклите кои се означени со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини, од објективни причини постои можност да не бидат процесирани во системот, односно нарачките со тие артикли може да бидат откажани.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Електрометал. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.
Регистрирањето е задолжително за реализацијата на нарачката, и при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака.
По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, Електрометал има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
Продавачот не гарантира дека нарачаниот производ го има на залиха. Доколку во моментот на процесуирање на нарачката, нарачаниот производ го нема, продавачот се обврзува во рок од 5 работни дена да го извести купувачот за недостапноста.
Во случај на недостапност на производот, а доколку истиот е платен од страна на купувачот, потребно е да ја наведете вашата трансакциска сметка за враќање на парите.

4. ИСПОРАКА

Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка и на начин кој го одбрал при самото вршење на нарачката. Испораката се врши исклучиво на територија на Република Македонија.
Доставата до адресата наведена во нарачката, се врши од понеделник до петок сметано од 08.00 до 16.00 часот, а Сабота сметано од 09.00 до 15.00 часот.
Испораката на територија на Република Македонија се врши во рок од 7 (седум) работни денови (168 часа) сметано од моментот на извршена нарачка.
Доколку нарачката е извршена по 16.00 часот, тогаш рокот за испорака започнува да тече од следниот работен ден.
Доколку нарачката е направена во неработен ден (Сабота, Недела или празник), во тој случај рокот за испорака започнува да тече од првиот работен ден.
По секоја направен наарачка, купувачот ќе добие емаил за потврда на успешноста на нарачката.
Пред секоја испорака, купувачот ќе биде телефонски контактиран за да се одреди денот и часот на испораката.
Испораката на производите се извршува на Купувачот или на трето лице кое ќе се затекне на адресата на која се врши испораката.
Под трето лице се подразбира лице кое иако не е изрично наведено во нарачката, живее во исто домакинство со купувачот и е полнолетно. Во случај кога доставата на врши на трето лице, истото е должно да се легитимира, да ја прими нарачката и да се потпише на фактурата/испратница со цело име презиме и во кое својство е со примачот.
При достава на производите на купувачот/трето лице ќе му биде доставена фактура/испратница со други пропратни документи кои го следат производот (гарантен лист, упатство за употреба и одржување, декларација итн.) кои опционално ќе бидат истакнати на самата амбалажаили пак спакувани во самиот производ.
Доколку купувачот не е најден на закажаниот термин на адресата оставена за достава, или истиот не е достапен за нарачка во договорениот термин, Продавачот нема обврска за повторна испорака на прозиводот, туку купувачот е должен истиот да го подигне од Маркет.

4. ЦЕНИ ЗА ИСПОРАКА

Доставата за нарачки над 3000 денари е бесплатна, додека доставата за нарачки под 3000 се доплаќа 200 денари. Овие цени не важат за екстремно габаритни производи. За дополнителни прашања и информации контактирајте не на support@elektrometal.com.mk.
Електрометал не сноси одговорност кога доцни при испораката, доколку доцнењето е предизвикано од виша сила и случаи кои се надвор од нејзина контрола.
Во случаи кога на купувачот иако му е најавена испораката, сепак не е најден на дадената адреса и/или не е достапен за доставување на нарачката во договорениот термин или нема обезбеден пристап и услови за предавање на производот во тој рок, Купувачот е должен да го подигне производот од маркет и да го подмири трошокот за неуспешниот обид за достава.

5. ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИТЕ КУПЕНИ ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА

Производите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда.
Производите се спакувани во соодветни амабалжни кутии, како заштита од евентуални оштетувања.
Во моментот на прием на производите, купувачот е должен да го прегледа производот и веднаш да приговори за евентуални надворешни физички оштетувања на производите и истото да го наведе во фактура/испратница, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни видливи физички оштетувања на производите нема да бидат прифатени.

6. ОДГОВОРНОСТ НА ЕЛЕКТРОМЕТАЛ ВО СЛУЧАЈ НА ЗЛОУПОТРЕБА, НЕСООДВЕТНО И НЕОВЛАСТЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ

Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини отстапува од нарачаното, тогаш купувачот има право за доставениот производ да побара замена во рок од 15 дена од денот на продажбата. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети и сл.
Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот 02 2555 555 или на нашата електронска пошта support@elektrometal.com.mk и тоа во рок од 24 од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.
Во случај на барање замена, купувачот е должен да ја приложи фискалната сметка и целокупната документација која на купувачот му била издадена заедно со производот, а замената на производот може да се реализира во компексот на Маркети Мацари на ул.Перо Наков бр. 25, секој работен ден од 08.00 -16.00 часот.
Ако немамe ист таков производ со кој ќе го замени доставениот несоодветен производ, тогаш Вие имате право да барате да Ви се вратат парите за истиот или да чекате производот да го замениме со соодветен кога ќе има таков. се обврзува да ве извести дали има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 5 дена од денот на приемот на барањето.
Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка која ќе ја наведете во Барањето за замена

7. ЗАШТИТА И СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Електрометал во потполност се оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на Купувачот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка односно доколку од било кои причини истата е злоупотребена или искористена без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи Електрометал нема обврска да изврши поврат на уплатените средства.
Електрометал не е одговорен за трошоците за интернет сообраќајот на купувачот и нема да сноси одговорност за било која предизвикана штета која би можела да настане како резултат на прекин на интернет врската во моментот на користење на електронските услуги кога би се вршело онлајн купување.

8. ВРАЌАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВАТА

Електрометал се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на Купувачот од веб страната на Електрометал и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на лични податоци и други позитивни прописи од оваа област кои се важечки во Р.СевернаМакедонија.
Основните правила за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители на веб страната на Електорметал elektrometal.mk се наведени во Политиката за приватност (link до документот ставете), која исто така е објавена на веб страната на Електрометал, elektrometal..mk. Во рамките на оваа Политика за приватност се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата или онлајн регистрација и како тие се користат.
При посетата на web страната, Електрометал не врши автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога Купувачот доброволно ќе ги внесе овие информации, на пример, доколку за купопродажба на одредени производи и услуги внесот на лични податоци е задолжителен, во случај на учество во анкети, дополнителни маркетинг активности или барања за информации од страна на Електрометал.
Приниципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители на веб страната на Електрометал, вклучувајќи ги и Купувачите на производи и услуги од веб страната на Електрометал. Политиката за приватност не се однесува на посетителите на други веб страни до кои се пристапува преку веб страната на Електрометал.

9. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ

По извршената испорака нема можност да се откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ, освен во случаи кога Купувачот има право да го откаже купувaњето врз основа на императивните одредби на Законот за заштита на потрошувачите.
Доколку Купувачот се определи за плаќање на услугите/и или производите со платежна картичка, постои можност од прекин на интернет конекцијата во моментот на плаќање. Доколку барањето за плаќање е регистрирано од страна на Електрометал, Купувачот добива е-маил порака или СМС порака со извештај за статусот на извршената уплата т.е. нотификација за тоа дали извршената трансакција е успешна или неуспешна.
Доколку Купувачот добие е-пошта или СМС порака со потврда за успешно извршено плаќање, а не го добие производот во предвидениот рок, во тој случај Купувачот може да достави приговор во било кој Маркет на Електрометал или на веб страната .elektrometal.mk Купувачот е должен во прилог на приговорот да достави и доказ за потврдена уплата и/или извод од банката за извршена трансакција.
На сите кориснички рекламации и поплаки, Електрометал ќе одговори во законски предвидениот рок од 15 дена.

10. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ

Производот/те се резервирани за испорака по добиената потврда за плаќање од страна на Купувачот.
Со самото ставање на производите во кошничка не значи дека е направена резервација и дека е затворена нарачката. Доколку нарачката не е спроведена до крај, односно содржината на нарачката се уште се наоѓа во кошничка, а времето на неактивност на Посетителот/Купувачот на .elektrometal.mk е подолго од 30 минути, содржината на кошничката автоматски ќе биде избришана.
Електорметал го задржува правото без претходна најава да ги измени овие Општи услови како и содржината на веб страната www.elektrometal.com.mk, а најновата верзија на Општите услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на услуги и/или производи преку веб страната на Електрометал, корисникот ќе може да ги прочита на веб страната на Електрометал .elektrometal.mk. Измените на овие Општи услови стапуваат на сила со датумот на нивната објава.
Се согласувам во целост со условите за електронска трговија, интернет купување и плаќање.