Информации за праватa на субјектот на лични податоци
Со овој документ, ние како Контролор на лични податоци – Друштво за производство, трговија и услуги Електрометал 1949 ДООЕЛ Скопје (во понатамошен текст Електрометал), со седиште: Перо Наков бр.25 Скопје-Гази Баба, со електроснка пошта support@elektrometal.com.mk – овозможуваме информации за обработката на личните податоци и Вашите права поврзани со оваа обработка.
Нашата визија за заштита на личните податоци:
Електрометал посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за приватност и заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, кои се подетално разработени во интерните Политики и процедури кои го сочинуваат системот на заштита на лични податоци на Електрометал
Политиката за приватност е објавена на нашата интернет страна: https://elektrometal.mk/politika-na-privatnost/
Цел на обработување на личните податоци:
• Вршење на контакт со корисник за нарачка или сервис
• Доставување на анкета за задоволство на клиентите
• Доставување на фактура или профактура,
• За да Ве контактираме по пошта, телефон или преку смс пораки,
• За комуникација со надлежни државни институции,
• За споделување на информации со осигурителни друштва, банки или други финансиски друштва.
• Известување на кандидат за интервју за вработување и вработување
Опис на целта на обработувањето:
Доколку Вие ни дадете согласност за известување во електронска форма ние ќе Ви испратиме на емаил адресата која Вие ќе ни ја доставите.
Доколку Вие ни дадете согласност за директен маркетинг ние ќе ве додадеме во регистерот на Електрометал и редовно ќе ви испраќаме вести,промоции и новости кои содржат информации за услугите и случувањата поврзани со Електрометал и кои содржат директни понуди за Вас.
Правен основ за обработка на вашите лични податоци:
Правниот основ за обработка на Вашите лични податоци е Ваша дадена изречна согласност, законска обврска која произлегува од друг закон по кој работи Електроелемент или легитимен интерес на Електроелемент.
Категории на лични податоци кои ние ги обработуваме:
Име и презиме
Датум на раѓање
Телефон
Адреса
Компанија
Поштенски код
Град
емаил адреса
Што е директен маркетинг:
Секој вид на комуникација остварена на било кој начин со цел испраќање на рекламен, маркетиншки или пропаганден материјал која е насочена директно до идентификуван корисник.
Права на Корисниците- субјекти на лични податоци
Субјектите на личните податоци имаат право да:
– бидат информирани за обработката на нивните лични податоци
– да пристапат до нивните лични податоци и
– да ги дополнат, изменат, избришат или да бараат запирање на користењето на нивните лични податоци.
Во продолжение, следува детално појаснување во однос на овие права:
– Во функција на транспарентност, Електрометал има обврска да го извести корисникот за целите и правната основа на обработката на неговите лични податоци
– Секој корисник има право да пристапи до своите лични податоци
Барањето за пристап до податоците се доставува во писмена форма до продажниот маркет на Електрометал или се пополнува на некој од дигиталните канали на Електрометал
Електрометал е должен да одговори на корисникот во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, при што нема обврска повторно да одговори на исто или слично негово барање, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.
Доколку корисникот не добие одговор на барањето за пристап до лични податоци, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци.
Корисникот има право да бара дополнување, изменување, бришење или запирање на користењето на неговите лични податоци.
По барање на корисникот, Електрометал е должен да ги дополни, измени, избрише или да го запре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност со закон. Независно од тоа дали корисникот има поднесено барање за дополнување, изменување или бришење на личните податоци, доколку Електрометал утврди дека личните податоци се нецелосно, неточни или неажурирани, должен е истите да ги дополни, измени или избрише.
Електрометал е должен најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето, писмено да го извести субјектот на лични податоци за направените промени.
Рок на чување на вашите лични податоци:
Податоците кои се обработуваат од страна на Електрометал за цели на остварување на вашите права, ќе се чуваат согласно законските рокови, а податоците кои се обработуваат согласно дадена согласност ќе се чуваат се до повлекување на Вашата согласност за нивна обработка за наведената цел.
Категории на обработувачи на кои би можеле да пренесеме лични податоци:
– Друштва за осигурување
– Банки
– Трети лица кои ја примаат нарачката, кои живеат во истото домаќинство како нарачателот и кои се полнолетни
– Одделение за заштита на потрошувачи
– Управа за јавни приходи
– Царинска управа на Република Северна Македонија
– Министерство за внатрешни работи
– Надлежни инспекциски установи
– Судови
– Нотари и извршители
– Адвокати
– И останати овластени државни установи
Извори на лични податоци:
Ние ги добиваме личните податоци директно од Вас. Доколку ги добиеме личните податоци од друг контролор или од државен орган навремено и соодветно ќе бидете известени.
Автоматско одлучување врз основа на личните податоци:
При обработка на личните податоци не се случува автоматско одлучување.
Кои се Вашите права ?
Со цел да ги остварите Вашите права кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на Вашите лични податоци, приговор и преносливост), упатете барање на електронската адреса на офицерот за зашитита на личните податоци: gdpr@gconsult.mk
Доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
– Политика на приватност
– Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци
– Барање за дополнување, измена или бришење на податоците
– Барање за запирање на обработката на личните податоци
– Барање на повлекување на согласност за користење на личните податоци за директен маркетинг
– Политика за колачиња
-Процедура за управување со согласности во Електрометал