Програма за лојални купувачи-Правила и услови

ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНИ КУПУВАЧИ

  1. Општи информации

Правилата и условите за членство во Програмата за лојални купувачи (CBL Cash Back Loyalty program) на Друштво за производство трговија и услуги Електрометал 1949 ДООЕЛ Скопје се креирани да обезбедат дополнителни поволности на сите сегашни и идни купувачи. Оваа програма има целна намена да ја поддржи и пред се да ја награди лојалноста на купувачите, преку евидентирање на остварениот промет во период од 365 дена, со што секој купувач се стекнува и со правото за собирање на поени.

Со потпишувањето и доставувањето на Апликацијата за членство официјално се зачленувате во Програмата и со нејзино користење, членовите изјавуваат дека ги прифаќаат правилата, условите, барањата и ограничувањата наведени во Правилата и условите за членство (во понатамошниот текст само Правилата).

Правилата се достапни на интернет страната  www.elektrometal.com.mk

  1. Вид на картичка

Картичката која се издава согласно Програмата за лојални купувачи (во понатамошниот текст само Програмата) е само потврда за добиеното членство во истата.

Секој член на Програмата, за да ги ужива сите права и бенефиции од Програмата, треба да ја презентира картичката пред секое плаќање на продажните места на Електрометал 1949 ДООЕЛ Скопје.

Оваа Програма за лојални купувачи опфаќа еден вид на картичка:

-Hobby cashback каричка, наменета за лојални купувачи.

 

  1. Дефиниции

 

“Правила и услови” ги означуваат одредбите со кои се регулирани условите, правилата, обврските и ограничувањата што произлегуваат од членството во Програмата за лојални купувачи.

“Програмата за лојални купувачи“ значи програма преку која членовите како купувачи при купување на производи во сите продажни места на ЕЛЕКТРОМЕТАЛ 1949 ДООЕЛ Скопје, стекнуваат определени бенефиции во согласност со Правилата и условите за членство.

“Продажни места опфатени со Програмата за лојални купувачи” се сите малопродажни подружници/места на Електрометал 1949 ДООЕЛ Скопје, во и вон Скопје.

“Издавач и сопственик на картичката” е Друштво за производство трговија и услуги Електрометал 1949 ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Перо Наков бр. 25, 1000 Скопје, Република С. Македонија.

“Член на Програмата за лојални купувачи и корисник на картичките” е секое полнолетно физичко лице кое ги прифатило и се придржува кон Правилата и условите на Програмата за лојални купувачи, има целосно и правилно потполнета и потпишана Апликација за членство и членството во програмата не му е привремено или трајно прекинато од која било причина.

“Апликација за членство” е образец што треба да го пополни секој купувач за да стане член во  Програмата за лојални купувачи. Правилата и условите на Програмата за лојални купувачи и Изјавата за согласност за користење на лични податоци претставуваат составен дел од Апликацијата. Потпишаната и доставена Апликација за членство претставува писмена потврда за деловниот однос помеѓу Купувачот и Издавачот.

“Картичката  hobby cashback” , во понатамошниот текст означена само со “Картичката” е картичка со пропишани бои, димензии и податоци што е поврзана со посебна шифра на членот односно корисникот на Програмата за лојални купувачи, која ги содржи податоците за реализираните купувања на членот и бенефиции согласно Програмата.

“Поен“е вредносна единица што се пресметува врз основа на реализираните купувања на  членот односно купувачот согласно Правилата и условите на Програмата за лојални купувачи.

Вредносна единица од 1 поен = 1,00 денар.

 

4.Права и бенефиции од картичката

Со зачленување во Програмата, членовите добиваат бенефиции- cashback поени при купување на производи на продажните места на Електрометал 1949 ДООЕЛ Скопје.

Бенефициите опишани погоре не се однесуваат на производи кои се на промоција, акција, распродажба или ликвидација.

5.Користење поени

 Поените на картичка може да ги користи само Имателот на картичката и тоа во рок од 1 (една) година од моментот кога е остварен промет на продажно место на Издавачот.

Увид во состојбата на поените може да се изврши во продажните места на Издавачот.Поените не можат да сe заменат со готовина.Поените не можат да се подарат, пренесат или на друг начин да се направат достапни на трети лица, освен на Имателот на картичката.Издавачот го задржува правото да не додели поени во случај на повреда односно непочитување на правилата и условите на програмата односно на важечките закони и други прописи.Членот може да ги искористи претходно собраните поени на секоја следна сметка што ќе биде генерирана минимум 1 (една) минута по сметката кога се доделени поените.

Секоја сметка поврзана со картичката е вклучена во годишниот промет, врз основа на остварениот промет картичката се става во соодветна група со пресметани поени. Калкулациите околу остварените промети, употребата на картичките и определувањето во соодветната група во која припаѓа секој купувач вообичаено ќе се врши во Сабота во 20.00 часот Тоа значи дека правото на членовите за добивање на повисок или понизок процент на поени по секоја сметка ќе може да се користи со секое следно купување, почнувајќи од Понеделник.

Поените се пресметуваат како процент од вредноста на сметката.

 

5.1.Дефинирање на скалата на вредност за наградување:
Назив на група Вредност од Вредност до Процент на добиени поени
Група I 0,00 денари 2.999,99  денари               0%
Група II 3.000,00  денари 8.999,99  денари               2%
Група III 9.000,00  денари 29.999,99  денари               4%
Група IV 30.000, денари 59.999,99  денари               7%
Група V 60.000,00  денари Над 60.000,00  денари              10%

 

Пример за пресметка: На пример, ако сметката изнесува 10.000,00 денари, а членот припаѓа на група II, тој има право да добие 2% од вредноста на сметката, односно 200 поени. Секако, со оваа трансакција тој на следната пресметка ќе премине во група III и ќе има право на поени во износ од 4% (на вредноста на сметката без акции, распродажби, ликвидации и кредит).

 

Сите собрани поени може да се искористат со внесување на вредноста на поените што ќе се користат на ново издадена сметка од купените производи.

Сумата од собраните поени ќе ја намали вредноста на новата сметка со пресметување на попуст на секоја позиција од Фискалната сметка.

Поените нема да се засметаат, ниту пребијат за купување на производи кои се веќе на акција или попуст, како и за сметки кои се платени со кредит од Банка со која Издавачот има склучено договор.

Доколку во согласност со законските прописи членот на Програмата одлучи да врати производ за кој по купувањето биле доделени поени, тие ќе бидат сторнирани, односно ќе се тргнат од картичката. При делумно плаќање на сметката со поени, нема можност за враќање на поените, ниту враќање на готовина во денарска противвредност на износот платен со поени.

 

6.Пристапување кон Програмата за лојални купувачи

Во Програмата за лојални купувачи се пристапува со пополнување, потпишување и доставување на Апликацијата за членство на продажните места на ЕЛЕКТРОМЕТАЛ 1949 ДООЕЛ Скопје, како и пополнување на Изјава за согласност за обработка на лични податоци и издавање на картичка.

Податоците содржани во Апликацијата за членство треба да бидат целосни и точни. Членот на програмата одговора за веродостојноста на дадените податоци. По доставување на целосно пополнета Апликација за членство на купувачот му се издава картичка, која се активира непосредно пред првото купување.

Издавачот, врз основа на податоците од апликацијата или други податоци, според лична проценка, има дискреционо право да одлучи дали на купувачот ќе му издаде картичка и дали ќе го зачлени во Програмата, без обврска да ја образложи таквата одлука.

7.Дополнителни информации

Измена на податоците од Апликацијата за членство,  за времетраење на членството и активно користење на картичката може да се изврши со Барање за измена на податоци, бришење на податоци или ограничување на обработката по писмен пат на адреса на Издавачот, на било кое продажно место на Електрометал или со испраќање на истото барање на следниот е-маил support@elektrometal.com.mk .

7.1.Откажување на членство:

 

Членството во програмата за лојални купувачи можете да го откажете во кое било време на било кое продажно место на Електрометал или преку е-маил на: support@elektrometal.com.mk.

Членот може да биде исклучен од Програмата за лојални купувачи доколку не се придржува до Правилата и условите на програмата.

Издавачот го задржува правото еднострано да врши дополнување или измена на Правилата и условите без претходна најава или да ја укине Програмата. Измените или дополнувањата на Правилата и условите, како и укинувањето на Програмата ќе бидат објавени на интернет страната www.elektrometal.com.mk .

7.2. Замена на картичка:

 

Доколку ја изгубите вашата картичка за лојални купувачи или истата ви биде украдена, потребно е веднаш да пријавите на:

  • е-меил support@elektrometal.com.mk
  • тел.за контакт 02/2555-555 или
  • било кое продажно место на Електрометал.

 

На ваше писмено барање Електрометал ќе ви издаде нова картичка, на која нема да Ви бидат пренесени претходно стекнатите права од Програмата.

Досегашните картички ,,hobby card,, ќе бидат заменети со нови ,,hobby card cashback,, и извесен временски период ќе бидат издавани без надомест.

Електрометал го задржува правото во иднина да определи надоместок кој ќе го наплаќа при издавањето на новите картички за лојални купувачи.

Електрометал истотака го задржува правото во иднина да го менува изгледот на картичката за лојални купувачи.

При пополнување на Апликацијата за членство за новата картичка, должни сте да ја вратите старата која од истиот момент станува невалидна.

Неовластеното користење, умножување и дистрибуција на картичката е казниво дело.

8.Приватност и заштита на лични податоци

Политиката за заштита на личните податоци е достапна на следниот линк: https://elektrometal.mk/politika-na-privatnost/

Сите информации добиени од членовите на Програмата за лојални купувачи, вклучувајќи ги и нивните лични податоци, ќе бидат третирани согласно важечките прописи за заштита на лични податоци.

8.1.Цел на обработување на личните податоци:

Личните податоци на членовите се обработуваат преку аплицирање за Програмата за лојални купувачи на нашите продажни места.

Како  наш член, вие ќе учествувате во сите наградни игри и секогаш ќе купувате производи со намалени цени, подароци на дневни, викенд и месечни акции. Членовите на Програмата за лојални купувачи на овој начин заштедуваат при купување на продажните места  на Електрометал. За учество во Програмата за лојални купувачи вклучени се следните лични податоци: име и презиме, пол, адреса на живеење, место на живеење, тип на живеалиште: стан, куќа, е-маил адреса, телефон, датум и година на раѓање. Апликацијата за учество му овозможува на секој заинтересиран купувач  опционално да одбере дали сака Издавачот да му испраќа промотивен материјал или да му врши профилирање преку пополнување на соодветно поле во согласноста за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг, составен дел кон оваа Програма.

 

8.2. Опис на целта на обработувањето:

Личните податоци на членовите на Програмата за лојални купувачи може да се користат за директен маркетинг (СМС, е-маил или Вибер) или за цели на профилирање единствено по дадена согласност од страна на членот-имателот на личните податоци.  Секој наш член во секое време може да ја повлече претходно дадената согласност за обработка на нивните лични податоци за цели на директен маркетинг.

8.3.Правен основ за обработка на вашите лични податоци

Правен основ за обработка на личните податоци е дадената писмена согласност од страна на  имателот на личните податоци.

8.4.Категории на лични податоци кои ние ги обработуваме:

Име и презиме;

Пол;

Адреса на живеење;

Место на живеење;

Tип на живеалиште:

1.Стан

2.Куќа

Е-маил адреса;

Телефон;

Датум и година на раѓање.

 

 

8.5.Права на Членовите-иматели на лични податоци

 

При обработка на личните податоци се преземаат потребните физички, технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.

Секој член на Програмата за лојални купувачи кој дал согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг или профилирање има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја измени или повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци. Субјектот на лични податоци има право во секое време да поднесе приговор на обработката на неговите лични податоци или Барање за дополнување, измена или бришење на информациите за обработка на личните податоци или Барање за запирање на обработката на личните податоци.

Личните податоци се обработуваат во соодветен обем за остварување на целите на обработката на личните податоци за потреби на реализација на Програмата за лојални купувачи и согласно важечките прописи за заштита на личните податоци.

 

8.6.Рок на чување на вашите лични податоци

Личните податоци на членовите на Програмата се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои се обработуваат личните податоци, односно додека трае членството во Програмата, при што се применуваат следните рокови:

– податоците за плаќање се чуваат до завршување на административните и сметководствени процедури, додека податоците за задолжувањата за плаќање се чуваат 10 години од денот на издавање на сметка / фактура;

– податоците дадени (поврзано со процедури) за враќање или замена на производи, се чуваат до истек на законските рокови за рекламации и замена;

– податоците дадени за маркетинг цели и профилирање се чуваат до повлекување на согласноста, или ограничување на обработката.

– дадените согласности се чуваат во рок од 6 години при што истата треба повторно да се обнови или до повлекување од страна на имателот на личните податоци.

8.7.Споделување на лични податоци

Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци.

8.8.Кои се вашите права:

Со цел да ги остварите Вашите права кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на Вашите лични податоци, приговор и преносливост), пратете Барање на е-маил адресата: support@elektrometal.com.mk

 

Доколку сметате дека е направена повреда согласно Законот за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.

 

8.9.Контролор и Офицер за заштита на личните податоци:

 

Контролор:  Друштво за производство трговија и услуги Електрометал 1949 ДООЕЛ Скопје

Адреса:  Перо Наков бр.25 Скопје-Гази Баба

Контакт е-маил: support@elektrometal.com.mk

Офицер за заштита на личните податоци: Антонио Николоски

Контакт е-маил: gdpr@gconsult.mk

 

9.Разно

 

Во ниту еден случај Издавачот или лица вработени кај него, нема да сносат никаква одговорност за било каква директна или индиректна, материјална или нематеријална или било каква друга штета што произлегува или може да произлезе од Програмата или е поврзана со истата.

 

Во случај на спор надлежен е Основниот граѓански суд во Скопје.

 

АПЛИКАЦИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО

во Програмата за лојални купувачи

 

 

*Број на картичка ———————-                                    Назив на вредносна скала —– Група ————-    

                                     

*Име и презиме——————————————————————————————————————–

 

Пол—————————————                                      Дата и година на раѓање——————————–

 

*Адреса———————————————————————————- *Место———————————-

 

Тип на живеалиште : Стан —————————  Куќа———————-

 

*Поштенски Број———————————————————————  *Држава——————————–

 

*Мобилен телефон————————–                           СМС / Вибер / Е-маил ———————————–

Електронска пошта (Е-маил) —————————————————————————————————

*Маркет————————————–

 

Со потпишување изјавувам дека сум запознаен и се согласувам со Правилата и Условите за користење на Програмата за лојални купувачи на Електрометал 1949 ДООЕЛ Скопје.

 

*Правно известување – полињата кои не содржат * не се задолжителни и не мора да ги пополнувате.

 

 

 

 

Изјава за согласност за обработка на лични податоци

Согласност за цели на директен маркетинг

 

Врз основа на Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20, бр.294/21), изјавувам дека се согласувам Друштво за производство трговија и услуги Електрометал 1949 ДООЕЛ Скопје да ги обработува моите лични податоци и тоа: име и презиме, електронска пошта (е-маил), адреса на живеење, стан, куќа, датум и година на раѓање и телефонски број, за цели на директен маркетинг.

 

  • ☐ Се согласувам
  • ☐ Не се согласувам

 

Оваа Изјава за согласност можете да ја повлечете во секое време на следната е-маил адреса:

support@elektrometal.com.mk или по пошта до Електрометал 1949 ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Перо Наков бр. 25 Скопје.

 

Дадената согласност се чува најмногу 6 години, или доколку имателот на личните податоци ја повлече својата согласност пред истекување на 6-те години.

 

Согласно Членот 11 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20, бр.294/21), субјектот на личните податоци може да ја повлече дадената согласност во секое време.

 

Повлекувањето на согласноста за обработка на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг, не влијае на законитоста на обработката на личните податоци, заснована на дадена согласност пред нејзиното повлекување.

 

 

Датум на Согласност                                                                                                    Изјавува

 

                          ____година                                                                                   ______________________