Политика на приватност

Политика за приватност на личните податоци при посета на веб страната на Електроелемент

Последно променето на: 27.12.2021

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Друштво за производство, трговија и услуги ЕЛЕКТРОМЕТАЛ 1949 ДООЕЛ Скопје (во понатамошен` текст Електрометал) ги собира, користи и обработува податоците собрани од посeтителите на нашата интернет страна.

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет страната, Вашата приватност целосно се почитува. При посета на интернет страната https://elektrometal.mk/, ние ги обработуваме Вашите лични податоци, само доколку доброволно ги  дадете преку користење на опцијата контакт, доколку аплицирате за работна позиција или доколку регистрирате профил и вршите нарачка преку онлајн страната.

Преку обработката на Вашите лични податоци ние го унапредуваме квалитетот на услугата, односно истото ни овозможува поефикасно одговарање на Вашите барања. Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

Офицер за заштита на лични податоци

Антонио Николоски
+389 70/300-354
Емаил: gdpr@gconsult.mk

За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?

Компанијата може да собира и обработува лични податоци за следниве цели:

  • Известувања за интервјуа за вработување
  • Вработување или практична работа
  • Анкета за задоволство на клиентите
  • За доставување на фактура или профактура
  • За да извршиме достава на нарачаниот продукт
  • За да се реализира сервис на веќе испорачан продукт
  • За да ве контактираме: Да ве контактираме по емаил, телефонски повици, СМС -пораки или други еквивалентни форми на електронска комуникација.
  • За доставување на новости и промоции поврзани со Електрометал

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци Електрометал ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите интерно пропишани                     технички и организациони мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, а кои се дел од интерниот систем за заштита на лични податоци.

Личните податоци може да бидат единствено доставени само на  надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Категории на лични податоци што ги обработуваме:

  • Податоци за идентификација (име, презиме)
  • Контакт информации (email адреса, телефон, адреса на живеење, улица, град, земја, држава, поштенски код)
  • Описни податоци/пораки/забелешки за нарачка

Ги обработуваме личните податоци кои сме ги собрале од Вас и тоа при:

  • Пријави за вработување: име и презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, степен и вид на образование, работно искуство, емаил адреса, телефонски број за контакт.
  • Вработување: име и презиме, датум на раѓање, Ембг, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, степен, и вид на образование, националаност, трансакциска сметка, емаил адреса, телeфонски број за контакт.
  • Креирање на корисничка смека: Корисничко име, лозинка и емаил адреса
  • Достава и нарачка на производ: Име, презиме, адреса, емаил адреса, телефонски број, град
  • Сервис на веќе испорачан продукт: Име, презиме, адреса, град, емаил адреса, телефонски број, гарантен лист
  • Користење на нашата веб страна (системски логови) : времетраење на посетата, видот на уредот што се користи, видот на прелистувачот што се користи (browser), видот на опeративниот систем (OS), веб страниците кои се прегледани, IP адресата, јазикот на кој прелистувате, термини кои сте ги користеле за пребарување на производи, географска локација. Овие податоци се користат единствено за цел обезбедување на непречено функционирање на веб страната и за истото Електрометал има легитимен интерес за обработка.

Категории на корисници на податоци или примачи на кои можеме да им ги доставиме личните податоци:

  • Друштва за осигурување
  • Трети лица кои ја примаат нарачката, кои живеат во истото домаќинство како нарачателот и кои се полнолетни
  • Надворешни физички и правни лица кои извршуваат активности за реализација на сервис
  • Управа за јавни приходи
  • Министерство за внатрешни работи
  • Финансиска полиција
  • Надлежни инспекциски установи
  • Судови
  • Организација на потрошувачите
  • Одделение за заштита на потрошувачи
  • Нотари и извршители
  • Агенцијата за заштита на личните податоци
  • И останати овластени државни установи

Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:

  • Усогласување со некоја законска норма
  • Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата
  • Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста

Обработувачи на податоци кои можат да имаат пристап до личните податоци:

  • Агенции за наплата на побарувања, со цел вршење на услуги за наплата на побарувања
  • Компанија која врши достава
  • Маркетинг агенции, со цел вршење на активности со цел реализација на маркетинг активности
  • Надворешни изведувачи на ИТ услуги, со цел вршење на услуги за одржување на системите, администрација и развој на системи и апликации
  • Сметководители, со цел извршување на активности од областа на смеководството
  • Надворешни даватели на услуги поврзани со архивирање на податоци
  • Сервис за поправка на продуктите

 Правна основа за обработка на вашите лични податоци

Ние сме посветени на собирање и обработка на Вашите лични податоци во согласност со важечките закони за заштита на податоците. Ние ќе ги обработиме Вашите лични податоци само доколку се применува барем еден од следниве услови:

  • Доколку сте дале согласност за обработка на Вашите лични податоци за една или повеќе цели
  • Обработката е неопходна за извршување на договор со Вас или со цел да се преземат чекори на Ваше барање пред да склучите договор на пр. да се направи резервација и да се обезбедат производите и услугите што ги барате;
  • Обработката е неопходна за да се заштитат Вашите витални интереси или интересите на другите физички лица на пр. во итен случај, инцидент или несреќа;
  • Обработката е неопходна за извршување на задача извршена во јавен интерес или при вршење на службени овластувања;
  • Обработката е неопходна за целите на легитимните интереси на Електроелемент

Зачувување на Вашите лични податоци

Во текот на своето работење Електрометал ќе ги задржи вашите лични податоци само толку долго колку што е потребно за целите наведени во оваа Политика за приватност. Ние ќе ги задржиме и користиме вашите лични податоци до степен до кој е потребно за да се усогласиме со нашите законски обврски, да го оствариме нашиот легитимен интерес, да ги решаваме споровите и да ги спроведуваме нашите правни договори и политики. Одреден тип на податоци може да се чуваат и подолго од предвиденото, исклучиво за цели на постапки водени од надлежни државни институции.

Автоматско одлучување врз основа на личните податоци:

За време на оваа обработка на лични податоци, не се случува автоматско одлучување врз основа на личните податоци. За секое евентуално автоматско одлучување за кое би биле предмет, ќе бидете навремено и соодветно известени.

Пренос на вашите лични податоци

Вашите информации, вклучувајќи ги и личните податоци, се обработуваат во рамки на Компанијата. Тоа значи дека овие информации не се предмет на пренесување.

Компанијата ќе ги преземе сите чекори што се разумно неопходни за да се осигура дека Вашите податоци се третираат безбедно и во согласност со оваа Политика на приватност и дека нема да се изврши пренос на Вашите лични податоци на организација или земја, освен ако не постојат соодветни контроли, вклучително и безбедноста на Вашите податоци и други лични информации.

Вашите права како субјекти на лични податоци
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:

– да се информирате од Електрометал околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;

– да побарате од Електрометал да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање;

– да побарате од Електрометал да ја ограничи обработката на лични податоци со соодветно означување кои личните податоци ќе се чуваат;

– да побарате од Електрометал да ги избрише Вашите лични податоци;

– да поднесете барање до Електрометал со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци

– да поднесете приговор за начинот на обработката на Вашите лични податоци.

Овие права може да ги остварите преку информациите и документите кои се достапни на следниот линк https://elektrometal.mk/zashtita-na-licni-podatoci/

Други информации

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при користењето на интернет страната, пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на корисниците. При посетата на интернет страната од корисниците, Електрометал може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификуваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната.

Колачиња на пребарувачот на интернет Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле. Со помош на колачињата Електрометал го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страната. Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

Електрометал има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Контакт

Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: gdpr@gconsult.mk

Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.