Електрометал Ве советува, кои се чекорите за поставување ламинат

Електрометал Ве советува, кои се чекорите за поставување ламинат

Кога станува збор за ламинат, на сите ни е познато дека за пристојна цена добиваме изджливост и декоративен изглед воедно.  Достапен во различни стилови кои што се достојна имитација на природните материјали, ламинатот е одличен избор за подно решение. Доколку се одлучите да поставите ламинат во Вашиот дом, потребно е да се консултирате со експерт кој ќе Ви помогне да го одберете вистинскиот ламинат според Вашите специфични потреби. Некои од клучните предностите на ламинотот се:

*Економична цена

*Лесен за одржување

*Голем избор на дезени (налик на дрво, бетон, камен, завршен слој-мат,сјај,полусјај)

*Лесна и брза инсталација

Во неколку чекори,накратко ќе Ви го објасниме процесот на инсталирање на ламинат:

Чекор 1: Направете го вистинскиот избор

Ламинатот е совршен избор за семејства кои се постојано активни и за простории со поголема раздвиженост. Составен е од  4слоја, односно:

  • Горен, површински слој кој обезбедува трајност и отпорност од дамки, удар, гребнатини.
  • Принтен декоративен слој, кој дава конечен изглед и пружи неограничени можности при креирање на дезен.
  • Благодарение на третиот, носечки слој кој е составен од густ медијапан, ламинатот ја добива потребната цврстина и густина.
  • Последен, балансирачки слој чија улога е да ги заштити останатите слоеви од влага.

Чекор 2: Ослободете се од веќе постоечкиот под

Собата во којашто ќе го поставувате ламинатот мора да биде комплетно исчистена од претходниот под за да биде подготвена за новата инсталација. Предупредување: Отстранувањето на минатиот под знае да создаде многу отпад и смет, бидете подготвени.

Чекор 3: Проверка и подготовка на долниот дел на подот

Многу важен сегмент при инсталацијата на ламинатот е основниот под да се израмни, така што не би дошло до нерамно поставен ламинат.

Чекор 4: Местење на подлошка

Инсталацијата на подлошката над основниот под е доста корисно, бидејќи овозможува добра изолација, заштита од влага и рамна основа за поставување на следниот слој.

Чекор 5: Подготовка на ламинатот

Исто како и подлогата, ламинатот мора да помине период на аклиматизација во домот. Со оглед на тоа што е чуван на многу пониски темп. Од оние во Вашиот дом, на ламинатот му се потребни еден до два дена за да бидете сигурни дека е стабилен и нема да ја промени формата. Ламинатот кој нема го помине овој процес, со текот на времето има тенденција да се прошири и да врши притисок врз целата подна површина, предизвикувајќи долгорочни проблеми.

Чекор 6: Инсталација на ламинатот

За инсталација на модерните ламинати не е потребен чекан за да се постави правилно, всушност повеќето ламинати едноставно кликнуваат заедно. И покрај тоа што ламинатот е прилагоден на просторот каде се поставува, сепак може да се очекува одедено проширување. За да се земе предвид ова, се остава дополнителен простор околу рабовите на собата.

 

Share this post


sdtoto sdtoto