КАКО ДВОРОТ ДА ГО ПРЕТВОРИТЕ ВО СОВРШЕН ТРЕВНИК
Совршено зелен тревник е одлична замисла која не мора да остане само во нашата фантазија. Еве неколку совети и стратегии за третирање на тревникот и одржување на зелената трева.
Спречете го плевелот уште пред да се појави
Запрете го плевелот уште пред да за’рти со употреба на пред-појавен хербицит. Овој вид на производи го контролира проширувањето на плевелот и пирејот и други тешко уништливи диви треви со тоа што го запира никнувањето на нивните семиња во тревникот. Се препорачува да се користи во рана пролет.
- Корисна информација
Продуктите користете ги кога има силна утринска роса, бидејќи им е потребна влага за да се држат до лисјата.
Косете високо и често
Ниското косење може да ви изгледа како заштеда на време, но може да доведе до оштетување на тревата, како и да дозволи плевелот да пушти корен. Одржувањето на тревникот малку повисок ќе резултира со поздрава трева. Општо правило е никогаш да не се отсекува повеќе од третина од сечилото на косилката.
Одржувајте го ножот на косликата остар
Тапото сечило ја кине тревата, што резултира со кафеафкасто сив изглед на целокупниот тревник. Наострете го или пак заменете го сечилото веднаш кога ќе покаже знаци на оштетување или барем еднаш во сезоната на косење.
Наводнувајте наутро
Најдобро време за наводнување на тревникот е рано наутро, бидејќи сонцето во текот на денот ќе помогне да се исуши тревата. Ноќното наводнување може да резултира со влага на сечилата, што може да доведе до некои болести. Лесно наводнување на тревата не е доволно, односно тревникот треба убаво да се наводени и почвата да е влажна неколку сантиметри надолу.
Користете прихрана за тревникот
Што е најдобро да се користи? Азот е најважната хранлива материја во ѓубривото за трева. Побарајте мешавина од ѓубрива со брзо и бавно ослободување коишто брзо ќе го зазеленат тревникот и ќе го нахранат со текот на времето.
- Внимавајте!
Повеќе не значи подобро. Ако ставите премногу азот во тревникот, ќе го изгорите. Прочитајте го упатството за употреба и водете се според него.