Како правилно да се грижите за вашите орхидеи

Како правилно да се грижите за вашите орхидеи

Орхидеите се едни од најпопуларните а воедно и најубавите растенија кои се одгледуваат во домашни услови. Доколку имате соодветни услови за одгледување, нема да ви биде тешко да научите да се грижите за нив. Во продолжение ќе ви дадеме неколку совети за нега на орхидеите во затворен простор. Тие бараат малку грижа откако ќе ги задоволите нивните основни потреби, како што се светлината, температура и влажност.

Повеќето орхидеи бараат влажни услови и можност за добро исцедување. Не треба да бидат засадени во богата почва, туку во микс од кора од дрво, мов од тресет, карпи, плута, песок итн. “Земјата„ во која ќе ги засадите орхидеите не треба да биде пренатрупана, бидејќи корените бараат проток на воздух за успешно растење. Ставете ги орхидеите до прозор со поглед од исток кон југ, бидејќи овие растенија претпочитаат индиректна светлина. Недоволно светлина може да резултира со слабо цветање и венеење на цветот, сепак премногу светлина може да доведе до изгорени лисја. Температурата е исто така важна за негување на орхидеите во затворен простор. Орхидеите толерираат и повисоки и пониски температури, во рамка од 10 до 30 степени.

Наводнување на орхидеите:

На орхидеите им е потребно доволно вода, меѓутоа треба да им се дозволи да се исуши земјата помеѓу наводнувањата. Постојат 3 основи состојби на корените, односно:

  • Корените се зелени значи дека добиваат точна количина на вода и сеуште нема потреба за наводнување.
  • Корените се влажни и кафеави, значи дека добиваат премногу вода
  • Корените се сивкасти или бели, значи дека е време да ја наводните орхидејата

Најефикасно наводнување би било да се стави под млаз целата саксија додека не се наводени сосема. Водата со која ги наводнувате би требало да не е многу ладна, односно да биде млака. Друг начин е да се стави саксијата во друг сад со вода и таму да отстои околу 10тина минути, не подолго.

Разубавете го вашиот домот, следејќи ги овие едноставни совети и уживајте во убавината на овие прекрасни цвеќиња.

 

 

Сподели ја веста